330
39-годишниот В.Ц. од Свети Николе го изгуби својот живот во сообраќајка на патот Штип-Кочани, откако се судриле два мотоцикли и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“, информираат од МВР.
В.Ц. управувал со мотоцикл „Сузуки“, додека со другиот мотоцикл марка „Хонда“ со бугарски национални ознаки управувал 33-годишниот В.Ј. од Свети Николе. Тој и неговиот сопатник, 22-годишниот К.Г. се здобиле со телесни повреди и по сообраќајната несреќа биле пренесени во Медицинскиот центар Штип.
Се уште не се утврдени причините за судирот. Од полицијата додаваат уште дека со автомобилот управувал 19-годишен кочанчанец, а во неговото возило имало тројца сопатници.