Заев: Платите ќе растат, невработеноста ќе се намалува

by fokus

До крајот на мандатот, до 2024 година, се обврзуваме да отвориме 100.000 нови работни места. Ако можевме за 2,5 години да отвориме 60.000 работни места главно во реалниот сектор, знаеме и можеме за полн мандат од 4 години да отвориме 100.000 нови работни места, најавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој денеска беше во посета на компанијата Дојран стил од населеното место Николиќ.

-Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме на 300 милиони евра до крајот на мандатот, дополнително, проектираме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Тоа се вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за развој на домашната економија. На овој начин, невработеноста ќе ја донесеме под 8%, односно под 20% кај младите. Покажавме дека платите можат да растат во сите сектори. За само две и пол години просечната плата ја зголемивме на 450 евра. Затоа, во новиот мандат растот на платите продолжува и тој ќе биде и побрз. Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари, а минималната на 18.000 денари. Продолжува и субвенционирањето на придонесите за сите компании кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари по вработен, а за младите вработени до 29 години воведуваме поврат на персонален данок во првите две години од вработувањето. Со сите реформи и политики што ги спроведовме за овие 2 години и девет месеци покажавме како се работи чесно и одговорно и на домашен и на надворешен план. Извесното членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ отворија нови перспективи за државата и економија, рече Заев.

Поврзани новости