Заев: Писмото до Верушевски е автентично, а имав и две средби со него

by Фокус

Во интервјуто за телевизијата 24 вести лидерот на СДСМ, Зоран Заев потври дека содржината на писмото кое го испратил до екс- разузнавачот Зоран Верушевски, а е дел од истаргата за „Пуч“ е автентично. Тоа што во содржината се споменуваат странски пријатели се практично колегите од сестринските партии на СДСМ низ Европа преку кои Заев се обидувал да обезбеди работна виза за Верушевски кој имал намера привремено да се исели од државата затоа што неколку месеци немал земено плата на ФОН каде што е професор.

За реченицата во писмото со која Заев го предупредува Верушевски дека мора брзо да се делува затоа што тоа го очекувале пријателите од надвор, лидерот на СДСМ одново објасни дека единствено работната виза за Верушевски била темата на разговорите со тие странски соработници.

Инаку Заев потврди дека имал две средби со Верушевски со цел од него да добие експертско мислење околу автентичноста на тонските материјали. „Го искористив знаењето на Верушевски за да ми посочи дали прислушуваните разговори се веродостојни и кој во Македонија може да организира толкава акција со следење граѓани и ништо повеќе од тоа“- изјави Заев во вечерашното интервју.

Заев уште еднаш потврди дека ќе следуваат уште многу докази со снимени разговори од кои ќе се слушне како власта е заглавена во криминал.

Поврзани новости