Заев: Го поддржувам предлогот на ДУИ и на ДПА за странска експертиза

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто за телевизија 24 вести изјави дека ги прифаќа предлозите на ДУИ и на ДПА за странска експертиза на целиот случај со прислушувањето. Ова се должи на фактот дека во државата нема институции кои тоа би го направиле независно и без притисоци на власта.

„Видовме што се случува со политичките затвореници, со новинарот Кежаровски, со затворањето на А1 телевизија, со Актор, со становите на функционерите на власта, сето тоа ми дава право да кажам дека не верувам на домашните институции. Нема државни институции и нема правен механизам кој ќе гарантира објективна истрага. Затоа очекувам дека вклучувањето на странците ќе биде неопходен. Добро е што партнерот во власта, Ахмети, повикува на странска експертиза, што само потврдува дека и тој самиот не верува во домашните институции“- изјави Заев.

Во контекст на ова беше и одговорот со кој Заев изрази сомнеж дека Јавното обвинителство ќе ја процесуира кривичната пријава.

„Како може да очекувате дека главните јавни обвинители ќе ги гонат високите преставници на власта кога сите се во пријателски релации“- рече Заев.

 

Поврзани новости