650
План за излез од криза на лидерот на опозицијата, што мора да се исполни до 18 јуни, има пет клучни точки. Пред малку на прес конференција ги испорача Зоран Заев.
Уставен суд да ја потврди уставноста на СЈО.
Ослободување на сите приведени граѓани демонстранти.
Формирање на Влада за фер и кредиблини избори.
Прочистување на избирачки список.
Реформи во медиумите.
Кога ова ќе се разреши можеме веднаш да одиме на избори, рече Заев.