ОЈО: Осомничени се шест професори, еден е фатен на дело за примање поткуп

by fokus 11:58
11:58

Јавното обвинителство прибрало докази за осум осомничени од Економски факултет за кривични дела од коруптивна природа, соопштија пред малку од таму.

„Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс. Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага.

- Advertising -

Освен примање пари, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит.

Во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање на докази по издадената Наредба за претрес, еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување на кривично дело – Примање на поткуп од 1000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период.

Во моментот предметот е во предкривична постапка. Надлежниот јавен обвинител ја прима кривичната пријава и врши оценка за потребата за примена на мерки за обезбедување на присуство на лица и предмети во текот на постапката, по што ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана“ соопштија од Јавното обвинителство.

Поврзани новости