633
Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членки. Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме, напиша лидерот на СДСМ и доскорешен премиер, Зоран Заев на Фејсбук профил.
-Република Северна Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз. Оваа историска вест во вакви тешки околности ни дава дополнителна мотивација да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот и потоа да продолжиме да работиме уште посилно за нашите граѓани, за нашата држава, напиша Заев.