ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им го честита членството во НАТО

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита членството во НАТО, што преставува остварување на нашата стратешка определба и е резултат на исполнети реформи и вложен макотрпен труд на многу генерации претходно. Ова е првата реакција на ВМРО-ДПМНЕ откако на свечена церемонија македонското знаме беше подигнато пред седиштето на НАТО во Брисел.

-НАТО преставува нашиот заеднички бедем и организација каде Македонија може да ги реализира нејзините стратешки интереси. Реалноста е дека македонските граѓани денес се чуствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени кои ќе донесат стабилна иднина, реформи и нов политички израз кој ќе значи промена на сликата за криминал, растечка корупција и воспоставување на политика на принципи и вредности. ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжиме да работиме и да се бориме за овие цели. Нашиот сон и нашата кауза за слободна и напредна Република Македонија е она на кое што се обврзуваме, а тоа значи дека нашата борба продолжува, затоа што Македонија го заслужува, се вели во соопштението од партијата.

Поврзани новости