319
Оваа 2016 ќе биде година на промена на власта, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев откако денеска, на барање на специјалната јавна обивнителка Катица Јанева, беше одложено рочиштето за случајот „Пуч“ за 2 март, за да има време да се запознае со доказите.
– 2015 година ја потрошивме вистината да излезе на површина и да допре до граѓаните, а 2016 ќе биде година на правдата, година на вистински вредности, кога ќе зборуваме за економија, кога е има економски натпревар, каде што граѓаните ќе имаат претстава и слика што е важна во времето што доаѓа за нас, како ќе се димензионираат економските текови во Македонија со промената на власта која треба да се случи – рече Заев.