Јанева бара одлагање на судењето за „Пуч“

by Фокус

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на денешното рочиште за слачајот „Пуч“, во чии рамки еден од обвинитетите е и лидерот на опозицијата Зоран Заев, побара одлагање на судењет со цел да ги разгледа доказите.

Овој судски процес досега неколку пати беше одложуван, откако Заев не доаѓаше во судница со образложение дека бара овој предмет да биде предаден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

Откако тоа се случи, обинителството го презеде случајот и, меѓу останатото, побара укинувањето на притворот на првообвинитетиот Зоран Верушевски, кој се товари за шпиоанажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Поврзани новости