Хан: Утре е клучен ден за договорот од Пржино

by Фокус

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, потврди дека во петок доаѓа во Скопје да се сретне со претставниците на четирите партии потписнички на договорот од Пржино, со кои, според соопштението од неговата канцеларија, ќе разговара за имплементација на договорот од Пржино.

„На средбата со претставниците на четирите главни политички партии што го потпишаа политичкиот договор минатиот јуни, односно јули, комесарот Хан ќе ја повтори нивната одговорност да го имплементираат договорот, вклучувајќи ја и потребата да осигураат услови за кредибилни избори, во согласност со крајните рокови што ги договориле“, стои во соопштението.

Од неговиот кабинет потсетуваат партиите на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети, на кои лидерите се обврзале.

„15 јануари е клучен краен рок од политичкиот договор, имплементација која е важна и за властите и за граѓаните на земјата. Очекувам другите елементи од политичкиот договор да бидат решени пред или за време на мојата посета, со што ќе им се овозможи на изборните власти да организират кредибилни избори во согласност со договорената временска рамка“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости