Заев: Ова е најголема предизборна коалиција на било кои избори

by fokus

СДСМ денеска потпиша договор за заеднички настап на претстојните избори со своите коалициони партнери. Претседателот на партијата, Зоран Заев истакна дека ова е најголема предизборна коалиција на било кои избори.

-Докажавме дека платите со сите сектори може да растат, ќе покажаме дека може да растат и побрзо.  300 евра минимална плата по четири години. Покрај платите ќе растат и пензиите, вкупно 21 посто. Покрај успесите на економски, остваривме и значајни резулатите на меѓународен план. Станавме членки на НАТО, а можеме и на ЕУ. Се обрзуваме до 20124 да ги отвориме 80 проценти од поглавјата во преговорите со ЕУ. Сите политички субјекти од оваа нјаголема предизворна колаиција на било кои претходни избори, препознаваат важност државата да продолжи напред. Со ваква програма и персонални решенија секому му е јасно кој е победникот на 12 април. Можеме уште повеќе, можеме уште подобро, рече Заев по потпишувањето.

 

Поврзани новости