462
Нема да се отвори рудникот Иловица се додека постои индиција дека може да го загадува струмичкото поле, тврди премиерот Зоран Заев, објави телевизија Телма.
Тој рече дека проблемот со овој рудник главно е во употребата на цијанид при лужење на рудата, што создаде вознемиреност кај населението, и неговото отворање е се уште на разгледување.
Граѓанската иницијатива побара од премиерот да си го одржи ветувањето дадено за време на локалните избори дека рудници нема да има.