Лесново под заштита на УНЕСКО

by fokus 17:44
17:44

Лесново може да стане првиот геопарк во Македонија. Постапката за аплицирање до УНЕСКО е веќе започната. Експертите за туризам сметаат дека специфичниот вулкански терен, единствен на Балканот е вреден да се запише на листата на заштитени природни подрачја и дека одговорот ќе биде позитивен.

„Просторот е интересен, бидејќи има доста зачувано сочувано траги од некогашен вулканизам, форми кои се раритет, не само кај нас, туку и пошироко.“ – вели Ивица Милевски, универзитетски професор, за телевизија 24.

- Advertisements -

Од здружението „Илински врв“ што веќе една деценија во Лесново развиваат рурален туризам велат дека иако и сега доаѓаат туристи од различни делови на светот, тоа не е доволно да може да се егзистира од оваа дејност. На ветер во грбот се надеваат, ако Лесново биде прогласено за геопарк.

„Тоа ќе биде бомба за туризамот, и за нас како невладино здружение и многу ќе значи.“ – вели Зоран Петров, Здружение „Илински врв“ – Лесново.

Членството во мрежата на геопаркови носи и пристап до повеќе пари потребни за развој, но и можност за поголема заштита на природните реткости.

 

 

Поврзани новости