Османи, Спасовски, Саљији и Манчевски ќе му реферираат на Хан за реформите

by fokus 16:19
16:19

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, заедно вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда, Билен Саљији, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски утре во Секретаријатот за европски прашања ќе имаат средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Од СЕП информираат дека Османи ќе ги презентира новите реформски пакети „6-9“ кои претставуваат дополнение на Планот „3-6-9“.

- Advertisements -

Спасовски. Саљији и Манчевски ќе го информираат Хан ќе за реформските приоритети во правосудството, реформата на безбедносните служби, како и реформите во јавната администрација.

Поврзани новости