453
Македонскиот премиер Зоран Заев за Франс Прес вели дека постојат иницијативи за институционална размена на споменици со Грција, како и за размена на подароци со грчкиот колега Алексис Ципрас.
Воедно, тој истакна дека пред некои локации во земјава ќе бидат поставени плакети кои, според него, ќе објаснат дека тие споменици се дел од глобалното културно наследство.
Притоа, македонскиот премиер не прецизираше за кои споменици станува збор изградени од претходната влада во рамки на проектот „Скопје 2014“.