Мијалков за Бошкоски: Да ме фатат со 100.000 евра би се срамел и јас!

by fokus 12:22
12:22

На денешното рочиште за случајот „Тортура“ сведочи затворскиот психијатар Мирко Треневски, кој зборуваше за психичката состојба на Љубе Бошкоски, по неговото апсење во 2011 година за случајот „Кампања“.

Психијатарот образложи дека Бошкоски по апсењето се чувствувал депресивно, вознемирено, а чувствувал и срам.

- Advertisements -

Обвинетиот Сашо Мијалков го праша докторот дали чуството на срам кај Бошкоски било поради тоа што бил фатен со поткуп, односно со 100.000 евра.

-И мене да ме фатат со 100.000 евра би се срамел и јас, искоментира Мијалков, појаснувајќи го прашањето.

Психијатарот истакна дека Бошкоски чуствувал срам од целокупниот настан, односно и од самото апсење и приведување.

На прашање на обвинителот Љубомир Лапе дали срамот кај Бошкоски бил предизвикан од фактот што бил снимен и фотографиран како лежи на асфалт, докторот одговори позитивно.

Во овој случај Мијалков и уште неколку полициски службеници се гонат за нечовечко апсење на Бошкоски во 2011 година.

В.В.

Поврзани новости