Химната не била интонирана затоа што доцнел авионот на Ципрас, велат од Влада

by fokus

Еден од главните пропусти што беше забележан при денешниот пречек на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пред Владата е тоа што не беа интонирани химните на двете држави. Тоа е вообичаена пракса при секоја официјална посета на висок функционер, а освен тоа се даваат и највисоки воени почести, што не беше случај овој пат.

Од Владата велат дека речиси сите протоколарни свечености биле изоставени затоа што доцнел авионот на Ципрас.

„Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени протоколарните свечени активности при дочекот, со цел да се добие време за исполнување на работната агенда“, одговорија од таму за „Фокус“.

Откако јавноста не ја слушна химната пред Влада се постави прашање дали тоа е намерно затоа што во текстот на химната не е интервенирано и внесено новото уставно име на државата.

Државната химна беше интонирана при последната посета на високи функционери, како што беше посетата на германската канцеларка, Ангела Меркел.

Поврзани новости