Заев: Оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков се чекор до крајот на Груевски!

by Фокус

Се што зборувавме се потврди, ова е доказ и за прислушувањето и за автентичноста на разговорите, ова е доказ за содржината на разговорите кои ги потврдуваат сите незаконитости и криминали на Никола Груевски и врвот на власта.

Ова го напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на неговиот фејсбук профил, откако Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески поднесоа оставки од министерските позиции за внатрешни работи и за транспорт и врски, а Сашо Мијалков се повлече од директорското место во државната безбедност.

„Не е време за триумфализам!  Оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков не се наша крајна цел. Ова е само чекор до крајот на Груевски“, напиша Заев.

Поврзани новости