Претседателот на Владата Зоран Заев смета дека ќе биде најдено решение за проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.
– Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде решение каде ќе се сочува достинството на двете страни, а ќе биде придобивка за граѓаните на двете земји, рече тој одговарајќи на прашања на новинарите.
Тој забележа дека за суштината на разговорите, предлозите, рамката што е испорачана не би требало јавно да се зборува за да не се уништат шансите во преговорите.
– Гледате дека се води транспарентен процес, сакаме национален консензус да го изградиме решението и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат, убеден сум дека ако бидеме внимателни, па и да водиме сметка и за грчката страна ќе најдеме решение за ова прашање што не измачува 25 години, рече тој.