Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред малку даде изјава, во која побара поддршка од народот, откако денеска МВР го осомничи за уценување на првиот човек на владата, Никола Груевски.
– Само сакам да кажам. Охрабрете се граѓани сите и радувајте се. Ова е почеток на враќање на слободата и демократијата во Македонија. Вистината ќе излезе на виделина пред очите на целата македонска јавност. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната национална и верска определба, да се приклучат, во рамките на Уставот и законот, да си го вратиме владеењето на Уставот наш, на законот наш, да си ја вратиме Mакедонија.Да бидеме слободни граѓани, да имаме посветла иднина за сите нас – вели Заев.
Тој ја повика меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес, затоа што се работи за слободата и демократијата на земјка -членка на ОН и земја кандидат за членство во ЕУ.