Верушевски одговорен за шпионажа, за порнографијата пријава за син му

by Фокус

Порнографските матријали сепак не биле на Зоран Верушевски, туку на неговиот помлад син. Денеска, во исто време, кога МВР поднесе пријава за шпионажа против Верушевски, пријава за незаконско поседување детска порнографија поднесе против 19 годишното момче.

Практично, додека полицијата го подготвувала досието за шпионажа во кое е обвинет и лидерот на СДСМ, Заев, во јавноста се држеше тензија дека Верушевски поседува порнографски материјали.

Во соопштението МВР наведува:

„По извршената анализа на одземениот лаптоп компјутер пронајдени се две видеа како и 16 фотографии со содржина од детска порнографија. Едно од видеата е превземено на ден 14.11.2014 година при меѓусебна скајп комуникација со скајп профил кој користел ИП адреса со локација во Софија, Р.Бугарија, а како примач е скајп профилот на пријавениот со профил „goran.verushevski“ кој во тој момент користел ИП адреса со локација во Солун, Р.Грција, за време на неговиот престој во Р.Грција каде е на студии.

Со горенаведените постапки и обезбедени докази пријавениот се товари дека го сторил кривичното дело “Производство и дистрибуција на детска порнографија “ по член 193 ст.3 вв ст.2 од КЗ на РМ. Во моментот лицето не е достапно на органите на прогонот, а МВР на РМ ќе преземе мерки за негово обезбедување, како и  размена на информации со МВР на Р.Бугарија и Интерпол за целосно расчистување на случајот.“

Ова значи дека Верушевски помладиот ќе одговара за детска порнографија, а Зоран Верушевски за шпионажа и најверојатно за пиштолите, кои сега се споредни во случајот. Обвинета дека му помагала е и неговата сопруга.

 

Поврзани новости