ОБНОВЕНО Заев: Илјадници граѓани се следени, а доказите не се од странски служби!

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната прес-конференција, која е во тек истакна дека доказите што ги поседува се од службите што ги контролира премиерот Никола Груевски, а не од странски служби.

-Не сум уценувал, ниту ќе уценувам, но никој нема право да ја сокрие вистината. Ниту јас, ниту СДСМ ги крши Уставот и законите, туку тоа го прави Груевски. Во периодот што следува јавноста ќе биде запознаена со сите докази. Ова е заедничка битка за ослободување на Македонија, рече Заев.

Тој додаде дека меѓународната заедница внимателно ги следи случувањата, бидејќи Македонија е кандидат за ЕУ.

-Од денес испишуваме нова страница за иднината, слободата и демократијата, која треба да ја вратиме. Ќе објавиме се, илјадници граѓани се таргет. Ова е криминал од невидени размери, истакна Заев.

Тој додаде дека Груевски не се осмелил да го уапси, за разлика од останатите тројца, бидејќи, според него тоа е голем ризик за ВМРО-ДПМНЕ, зошто бомбата во тој случај веднаш ќе била активирана.

Поврзани новости