Заев: Одлуката на Судот ја потврди потребата од Специјален обвинител

by Фокус

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стафансон, на која било разговарано за спроведувањето на договорот од Прижино, како и за мигрантската криза.

По средбата, Заев истакна дека дека, според него, незаконската одлука на Кривичниот Суд, уште еднаш ја покажала контролираноста на судството и силно ја потврдила потребата од Специјален јавен обвинител кој ќе има целосна автономија и техничка поддршка за постепено враќање на правдата во Македонија.

-Неопходно е целосно спроведување на договореното и почитување на утврдените роковите. Мора да се обезбедат условите за слободни, фер и демократски избори. Само на такви избори, ослободени од притисоци, граѓаните ќе можат во деморкатски амбиент да ја изразат својата слободна волја, рече Заев.

Поврзани новости