Лазаревска: Груба манипулација е дека Судот врши притисок врз Телма

by Фокус

-Судот не навлегува во уредувачки политики или позиции, бидејќи моето работно место е систематизирано и стекнато преку долгогодишна новинарска кариера во таа телевизиска куќа. Јас таму имам редовен работен однос и работнички права регулирани според Закон за работни односи. Според тоа, груба манипулација е соопштението со кое беа отворени вестите на Телма дека судот врши притисок врз Телма, изјави за А1 ОН поранешната уредничка на информативната програма на Телма, Емилија Лазаревска.

Таа вели дека директорот Атанас Кировски  со извртување на тезите и фактите се обидува да наметне погрешна претстава и за Судот и за неа.

-Може да викаме, негодуваме, се расправаме зад сцената. Кога почнува процесот на правење на вести единствено се важни фактите, вистината, објективноста и професионалноста. По тоа беа и препознатливи вестите на Телма. Па ќе продолжам во тој дух. Ова не е само моја борба. Така треба да ја сфатат сите новинари и професионалци од еснафот, но и работодавачите. Секој од нас е личност, со професионален интегритет и минато. И никој нема право на таков груб начин да се однесува кон вработените и да ја злоупотребуваат својата положба и довербата што им е дадена. Јас ниту лани, ниту сега немав и немам намера да се откажам во доказување на вистината и истерување на правдата, изјави Лазаревска која сега работи како репортер во Утринска програма.

Поврзани новости