Премиерот Зоран Заев во моментот ја дава својата одбрана во Кривичниот суд како обвинет во случајот Поткуп.
Заев одговарајќи на прашања на неговиот адвокат Филип Медарски појасни дека со Иван Николов, бизнисменот кој го пријави дека му барал мито се познавале 12 години и како што рече, пред да се монтира случајот против него немале недоразбирања.
-Членови на моето семејство соработувале со него, односно неговите компании соработувале со компаниите на моето семејство. Секогаш сме имале пријателски однос. 12 години немало проблем, туку имаше благопријатна соработка. Надвор од моите надлежности сум помагал зошто сум мислел дека е чесно да се помага. Му помогнав на неговиот син кога имаше незгодна ситуација додека беше на туристичко патување во Дубаи, рече Заев.
По одговорот на прашањето од одбраната, судијата даде 15 минути пауза бидејќи се закочи компјутерот во Кривичниот суд.
В.В.