Заев од Тетово: Тука сме од сите етнички заедници, испишуваме историја

by fokus

Испишуваме историја, тука сме од сите етнички заедници. Ова е нашето богатство за иден раст и развој на Тетово и на Република Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со граѓаните на Тетово.

-Кога го испорачавме концептот едно општество за сите не беше лесно да се верува. Многу од вас застанаа зад него, дека е вредно да се бориме. Една од нив беше и сегашната и идна градоначалничка на Тетово, Теута Арифи. Барам поддршка за Теута Арифи, знам дека вреди ова зад што стоиме исправени, ќе се гордееме и пред деца и пред внуци, овој концепт е единствената алтернатива за Македонија. Посебно ми е чест да дадам поддршка на жена борец која се одважуваше да го каже тоа што го мисли, зашто и значи Тетово како и Македонија, рече Заев.

Поврзани новости