Иванов: Со статус-кво состојбата на Македонија ѝ е попречено правото на просперитет

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов, попладнево во Брисел оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс. Иванов се пожалил на блокирањето на Македонија во евроинтеграциите.

-Со статус-кво состојбата на Македонија ѝ е попречено правото на просперитет. Европската Унија треба да преземе итни чекори и да го одблокира интеграцискиот процес на Македонија, кој е неповратен. Како земја, потребна ни е трансформирачката моќ на интегративниот процес, му порачал претседателот Иванов на Реиндерс.

Заменик-претседателот на белгиската влада, Реиндерс, изразил поддршка на заложбите нa Република Македонија за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Поврзани новости