400 гостиварчани во последните три дена побарале помош со стомачни болки

by fokus

Околу 400 луѓе во последните три дена побарале помош во гостивaрска болница, со стомачни болки, дијареја и повраќање. Само во текот на вчерашниот ден 110 пациенти со истите симптоми побарале лекарска помош, а вечерва околу 40 пациенти се обратиле за помош во болницата. Во болницата велат дека не станува збор за труење со храна бидејќи пациентите не се поврзани, ниту јаделе на исто место. И покрај направената анализа, лекарите се сомневаат во водата за пиење од гостиварскиот водовод.

„Сите пациенти се со полесни симптоми, дијареа, повраќање, болки во стомак. Третирани се со соодветна терапија и инфузија и ниту еден не е задржан на болничко лекување. Од направените анализи на крвта се гледа дека станува збор за бактериска инфекција, а не вирусна. Но, не успеваме да утврдиме за која бактерија станува збор. Затоа мострите за анализа утре ќе бидат испратени во Скопје, во Институот за јавно здравје. С е сомневаме дека можен причинител е водата за пиење, за што ќе испратиме дополнитлни примероци за испитување исто така во лабораторија во Скопје. “, изјави за НОВА Гојарт Сулејмани, директор на болницата во Гостивар.

Сулејамни вели дека проблемите се појавиле непосредно после дождовите, кога пациенти масовно почнале да бараат лекарска помош. Од Министерството за здравство велат дека многу брзо ќе се излезе со информација која е причината за оваа појава.

Поврзани новости