Георгиевски: Македонија ги прими бегалците и логистички ја поддржа НАТО интервенцијата, а Косово не покани македонска делегација

by fokus

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски ја осуди постапката на Косово да не покани македонска делегација на денешната прослава по повод 20 години од интервенцијата на НАТО.

-На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.Тоа е голем срам и за Косово но и за меѓународната заедница. Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива. А потоа ни вратија со воена агресија, напиша Георгиевски.

Поврзани новости