„Во Македонија мора да има и ќе има слобода и демократија. Нашето учество во преодната Влада е во улога на контролори да ја вратиме слободата, а на 24-ти април ќе го вратиме уставот за кој сите се залагаме. СДСМ партиципира во новата Влада за да биде гарантор за спроведување на законите во РМ“, изјави Заев од пред Собранието откако беа изгласани министрите на СДСМ.
Ова не е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев и додаде дека пратеничката група на СДСМ не ја гласаше новата министерка за информатичко општество затоа што СДСМ не може да даде подршка на кадровските решенија на ВМРО-ДПМНЕ.
На новинарско прашање, дали ќе остане градоначалник по предвремените избори наредната година, тој одговори дека нема да биде градоначалник од април оти ќе ја добие честа да биде премиер.