Случајот со пиштолот на Мијалков заврши со парична казна за ТАВ и одговорните лица

by lali 15:54
15:54

Агенцијата за цивилно воздухопловство го испита случајот со пиштолот на Сашо Мијалков и како тој успеал да помине покрај обезбедувањето и рентген апаратите на аеродромот во Скопје. Извори за Фокус потврдуваат дека парично се казнети правното лице во случајов ТАВ, одговорни лица од врвот на компанијата, како и неколкумина пониско вработени. Претпоставките се дека тоа се лицата кои биле на смена и го направиле пропустот.

Во обид да ја потврдиме информацијата зборувавме со директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреовски. Тој потврди дека истрагата за случајот е завршена и дека казните се определени според закон кој предвидува парични казни за вакви грешки. Од нејасни причини не сакаше да изнесе конкретни податоци кој точно е казнет, колкави се изречените казни и колкумина се опфатени со казната.

- Advertisements -

-Не е професионално да давам имиња на казнети и да кажувам кој колку е казнет. Имате закони за воздухопловство и таму има колкави се казните, рече Јандреовски.

Точно е дека во законот се напишани казните, но таму не може да се прочита кој е казнет, за која грешка и со колкава казна, оти казните се со сума која може да варира, и се движи од неколку стотици до неколку илјади евра.

-Не, навистина не можам да дополнам ништо повеќе освен дека сме презеле мерки, дополни Јандреовски.

Како и да е, очекуваме реакција и од ТАВ.

По сите објавени информации се уште останува и нејасно дали обебзедувањето на аеродромот го претресло Мијалков и не забележало пиштол или воопшто не се ни обидело да го провери?

Случајот стана актуелен откако Фокус објави дека Мијалков бил приведен на аеродромот во Белград затоа што во торбата му бил пронајден пиштол со муниција. По неколку часа и интервенција на повисоки структури тој беше ослободен. Тврдел дека тоа му е пиштол со дозвола кој, пред да тргне на пат заборавил да го извади од торбата.

Поврзани новости