Очекувањата мои беа дека Панчо Минов ќе гласа за потреба за промена на Уставот, но јас ја почитувам неговата одлука. Потребно ни е севкупно помирување, пратениците се одговорни луѓе, порача премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.
Како што порача Заев на средбата со новинарите, време е пратениците да ја испишат историјата на Македонија, со надеж дека до крајот на 2019-та година, Македонија ќе стане членка на НАТО.
„Панчо Минов очекував дека ќе гласа за промена на Уставот. Но, тој ги даде своите сугестии и го почитувам тоа. Дадов најава дека постојат пратеници со кои ќе се одважиме и ќе ја испишеме историјата на Македонија. Охридскиот рамковен договор е вграден во Уставот на РМ. Очекуваме дека на пролет ќе го завршиле потпишување на протоколот со НАТО, а на крајот на 2019-та година да станеме членка на НАТО“, истакна Заев.