Обезбедувачот на Трајко Вељаноски со рака ја насочувал насилната толпа во прес центарот

by fokus

Шефот на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, на 27 април 2017 година, ја упатувал насилната толпа која упадна во Собранието да се движи кон прес салата.

На снимката која денес се презентира во Кривичниот суд, обезбедена од безбедносната камера во парламентот, а која снимала во ходникот пред прес центарот, се забележува Ѓошевски кој со рака ја насочува толпата кон влезот на просторијата во која се случи насилството врз пратениците и новинарите. Толпата во ова просторија влегува во 19.15 часот.

Како што појасни обвинителката, меѓу толпата биле голем број од сега обвинетите, меѓу кои и Никола Митревски Кољо, кој со фантомка се шета низ собраниските ходници.

Од снимката може да се забележи и како дел од граѓаните слободно, без да бидат попречени, постојано влегуваат и излегуваат од прес салата.

В.В.

Поврзани новости