Канческа Милевска: Јас како Елизабета немам ништо лошо направено, сметав дека приоритет треба да ни бидат НАТО и ЕУ

by fokus

Нас ни треба сорабтка, позитивна енергија и позитивна мисла, ни треба обединување, само на тој начин можеме да направиме многу за Македонија, изјави пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, на денешната прес конференција во Собранието, на која соопшти дека Владата ги прифатила нивните барања за нацрт амандмани кои ќе бидат дел од измените на Уставот.

По однос на собраниското тело за помирување, Канческа Милевска рече дека до претседателот на Собранието е поднесена иницијатива за негово формирање.

-Се надевам во понеделник ќе имаме координација во оваа насока и ќе заземеме став како ќе се води и која ќе биде методологијата. Сериозно е ова тело и сериозно треба да се пристапи и сите да се вклучиме со цел да одиме во насока на помирување и во насока на зацврстување на односите. Очекувам дека ќе земат учество во телото и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – изјави таа.

Во врска со нејзиното исклучување од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката уште еднаш повтори дека партиските органи немале аргументи да донесат таква одлука за неа.

-Долгогодишен член сум на мојата партија и лично и семејно. Имам почит кон сите и секого. Тие некоие рекации се избрзани и непринципиени, но какво и исклучувње да има треба да има аргументи. Јас како Елизабета немам ништо лошо направено. Сметавме дека е неопходно да се вклучиме во овој процес, приоритет треба да ни биде НАТО и ЕУ и да ги тргнеме партиските интереси на страна – порача Канческа Милевска.

Како што соопшти таа нацрт амандманите на оваа нова пратеничка група ќе бидат вградени во предлог текстот кој Владата денеска ќе го достави до Собранието.

Првиот нацрт амандман, предложен од овие пратеници, ќе биде вграден во членот 49 од Уставот и ќе гласи: Република Македонија ќе го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот анрод.

-Второто наше барање беше прифаќање одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Грција не го ратификува договорот и ги попречи интеграциите ќе има безуслсовно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа. За мене е ова многу важно и нашето барање е прифатено – рече таа.

„Овие амандмани се составен дел на Уставот на РМ и влегуваат во сила со денот на влегување во сила на конечната спогодба за воспоставување стратешко партнерство меѓу двете страни“, гласи амандманот.

-Овој амандман се прифати и тоа значи дека сите уставни амандмани ќе влезат во сила единствено доколку Грција ја исполни својата обврска и го ратификува протоколот за нашето учество во НАТО. Ако не се ратификува протоколот, ништо од ова нема да важи – посочи таа.

Третото барање предвидува постепена промена на името за внатрешна употреба следејќи го процесот за полноправно членство на Македонија во ЕУ.

Поврзани новости