Заев: Очекувам гласачите на Река да постапат одговорно во вториот круг

by Фокус

По проверени гласови од над 98 проценти од избирачките места, Стево Пендаровски има 321.901, а Гордана Силјановска – Давкова 316.872 гласа, изјави лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, прогласувајќи победа на Пендаровски во првиот круг и најавувајќи поголема разлика во вториот изборен круг.

-Стево води во фер политички натпревар во кој секој глас е важен. На овие избори се одлучува дали ќе продолжиме напред со целосно различни концепти. Стево е прогресвен и обединува, а другиот концепт е деструктивен и го дели народот. Знам дека во вториот круг граѓаните ќе го поддржат напредокот – рече Заев.

Тој се обрати до гласачите на Блерим Река, истакнувајќи дека очекува да постапат одговорно во вториот изборен круг.

Поврзани новости