Најмногу охриѓани гласале за Георгиевски од СДСМ за градоначалник и за Силајновска од ВМРО за претседател

by Фокус 23:47
23:47

Кандидатот за градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ Констатин Георгиески води во трката за нов градоначалник на Охрид според досега преброените гласови.

Според податоците од Државната изборна комисија, по повеќе од половина обработени избирачки места,  Георгиески освоил 6.853 гласови, додека неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошоски освоил 5.766 гласови.

- Advertisements -

Што се однесува до другите кандидати, Михаил Трендафилов Нанче од Граѓанско демократската унија освои 815, Стевче Стевовски од Демократи 557, а Џемал Мена од БЕСА 215 гласа.

За гласањето за претседател на државата, пак, според сосега преборените гласови (79 отсто), најмногу гласови освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Горана Силјановска – Давкова (10.441), по што следуваат кандидатите на СДСМ Стево Пендаровски (9.450) и на БЕСА и АА Блерим Река (537).

Поврзани новости