Премиерот, Зоран Заев, денеска изјави дека Владата нема средства кои би ги издвоила за отстранување на владината барокна фасада. Како што рече тој, анализите покажале дека ваков зафат би чинел 50 отсто од сумата потрошена за нејзина изградба.
Зборувајќи за оградата, тој додаде дека пораката е испратена, односно со нејзино отстранување граѓаните ќе имаат отворен пристап кон Владата.
-Симболиката е слобода и демократија, граѓаните можат кога сакаат да пристапат. До сега носевме одлуки. Правевме анализа што значи симнувањето на фасадата, таа чини 50 отсто од тоа што е потрошено за изградба, а ние немаме такви пари. Но можевме да ја отстраниме оградата и тоа го направивме без да потрошиме ниту денар. Нашите служби го направија тоа. Симболиката на отворена Влада ја постигнавме, граѓаните можат да уживаат во парковските содржини и имаат пристап до споменикот – рече тој.
Заев додаде дека наскоро во дворот на Владата ќе биде поставено и знаме на НАТО.