Екс-директор на основно училиште не ја послушал Владата и склучил договор со фирма за патролно обезбедување на училиште во Демир Хисар

by fokus

Екс-директор на основно училиште доби кривична пријава поради злоупореба на положба, со што нанел штета од над 40 илјади денари.

„Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар поднесе кривична пријава против  Г.К.(47) од Демир Хисар за сторено  кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“. На 08.02.2016 година пријавениот, како директор на основното училиште “Гоце Делчев“ во Демир Хисар, спротивно на одлуката на Владата на РМ од 29.07.2013 година, склучил договор со фирма од Прилеп, за патролно обезбедување на основното училиште “Гоце Делчев“ во Демир Хисар, со што нанел штета од 43.436 денари на Буџетот на училиштето“, велат од МВР.

Поврзани новости