Заев: Нема услови за фер и демократски избори на 24 април

by Фокус 15:45
15:45

 

Очекувам меѓународната заедница утре да го соопшти заклучокот дека нема услови за фер и демократски избори и да даде одредени упатства за понатаму, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Датумот 24 април не е опција за учество на сите опозициски партии, но и на дел од партиите кои ја поддржуваа досегашната власт. Знам дека не може да си го дозволат Груевски и Ахмети, бидејќи тоа ги носи во еден правец, во слепа улица. И тие знаат дека опозицијата нема намера да гледа на ТВ еднострани избори. За да има избори треба да има избор меѓу власт и опозиција. Верувајте постојат сите политички механизми на опозицијата да оневозможи еднострани избори. Сакам да го видам тој од ДИК што ќе потпише прочистен Избирачки список пред 5 март, сакам да го видам тој, па макар и амбасадор што ќе соопшти дека може да се прочисти до тогаш тој список, бидејќи пред фактите и аргументи и боговите молчат – вели лидерот на СДСМ.

- Advertisements -

Поврзани новости