На новинарско прашање дали очекува нови опструкции, а можеби и насилство при експозето во парламентот лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека – „се е можно.“
Тој најави дека до крајот на месецов може да биде избрана владата.
нормализацијата на институциите на Република Македонија“, рече Заев.
Во врска со евентуални опструкции и насилство во парламентот лидерот на социјалдемократите вели:
сите граѓани во Македонија, како и до нас политичарите“, изјави Заев.
Во Деловникот, вели Заев, има определно три дена дебата, таа дебата може да се искористи комплетно, а тоа ќе зависи од пратениците кои ќе дебатираат, за новиот состав на Владата и за владината програма.
„Ние ќе го направиме тоа согласно Уставот, согласно Деловникот, согласно законите и нема да дозволиме никаква индикација или причина или било што за некој да биде дополнително мотивиран да прави вакви блесави работи како што се случија претходниот четврток“, додаде лидерот на СДСМ.
На новинарско прашање за поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Заев рече дека треба да се почитуваат законите и Уставот и дека секој треба да има правна и политичка одговорност без разлика дали се работи за нивниот коалицицки партнер.
– Законите во Македонија се јасни и тие треба да се почитуваат. Ако се случила некаква грешка, се надевам ќе се поправи. Треба на сите наши политички преокупации да им дадеме секундарно или терцијарно значење, мораме да испратиме порака дека Уставот и законот не може повеќе да се газат во Македонија и тоа да се покажува како патриотски чин – рече Заев.