355
СДСМ денеска го одржува деветнаесетиот партиски Конгрес на кој ќе се разговара за програмата со која партија ќе излезе на изборите во април. Во воведниот говор пред делегатите, партискиот лидер Зоран Заев рече дека главна цел ќе биде обезбедување на економска сигурност на граѓаните, бидејќи тогаш може да има борба за демократија и слобода.
-Главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста и работното искуство. Административните службеници нема да бидат бркани од работа, но каде што има превработеност ќе има реорганизација по претходно направена анализа, рече Заев.
Лидерот на опозицијата вети воведување на флексибилно работно време и институции отворени за граѓаните до 20 часот.