ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема контакт со реалноста

by Фокус

-СДСМ се очигледно затворени во некој свој свет и немаат контакт со реалноста и веруваат само на рејтинзите на партискиот институт Прогрес. СДСМ не сака да го види тоа што и граѓаните и реномираните рејтинг агенции им го кажуваат. Ако пред некое време виновна за катастрофалниот рејтинг им беше реномираната ИРИ, денес за тоа е виновна и реномираната Брима Галуп, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека последната анкета која беше по нарачка на порталот „Република“ е нереална.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев во континуитет не го слушал мислењето на граѓаните, но ќе го слушнел на изборите во април.

-Граѓаните тогаш јасно ќе им го покажат нивниот рејтинг, кредибилитет и најважно од се нивната неспособност. Граѓаните на 24-ти април ќе дадат поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои овозможија намалување на невработеноста на 25,5%, за отворањето на десетици странски инвестиции кои вработуваат илјадници лица низ цела Република Македонија, граѓаните ќе гласаат за инвестициите во здравството…, и продолжуваат со набројување од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости