Премиерот Зоран Заев, во пресрет на вечерашната лидерска средба, рече дека преферира владата да го заокружи целиот мандат, меѓутоа воедно додаде дека и понудил на опозицијата октомври следната година да биде термин за предвремени парламентарни избори.
-Јас немам дилеми за секое прашање да разговараме. Нормално, нашите ставови се се што е интерес на државата. Мислиме дека е ова навистина неповторливо позитивно време за нашата земја во кое очекуваме датум за почеток на преговорите, полноправно членство во НАТО. Треба да дадеме шанса и на правната држава и на економијата пред се и над се и затоа реков дека треба да тераме до крај на мандатот. Тие побараа предвремени избори, мојот коментар беше „ОК“ нека бидат крајот на октомври 2020 година, оти реално декември е навистина зима – изјави Заев.