Обвинителството побара 12 години затвор за поранешениот шеф на албанското МВР

by fokus
Обвинителството за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири.
Поради согласнот на судот за скратена судска постапка казната се намалува за една третина, што значи дека биде осуден со затворската казна во траење  од 8 години.
Според обвинението, Тахири се товари за четири случаи на шверц на наркотични средства од Албанија за Италија во периодот од 2013 до 2015 година.
Според обвинителството Тахири заедно со поранешниот директот на Полицискиот комесаријат во Валона, Јаелд Чела, кој повеќе од една година се бара со потерница, ги заштитувале нарко шверцерите.
На денешната судска сеанса биле прочитани и снимени телефонски и разговори во простории.
Тахири ги отфрлил сите обвинувања и презентирал табела со аргументи.
Тој тврди дека едниот случај бил само една седмица откако ја презел функцијата министер додека другиот два месеца. Што се однесува до обвинувањето за поврзаност со групата “Хабилај”, тврди дека неколкупати и била поднесена соодветна пријава додека тој бил министер.
И претходно и сега тој тврди дека во прислушуваните рзговори станува збор за друго лице со идентично име и презиме со неговото. Поседува и документ од италијнските власти во Катанија дека не станува звор за него и оти  против “лицето Саимир Башким Тахири не постои кривична пријава или дека некогаш бил под истрага”.
Во една прилика тој се закани со зборовите” доколку мене невин ме осудат ќе има што да слушнете и видите”.
Постапката против него почна во октомври 2017 година кога беше разрешен а потоа сам се откажа и од пратеничкиот имунтет за да може да се брани како обичен граѓанин”.

Поврзани новости