550
Демократски треба да постигнеме здраворазумски договор за одржување на изборите, но не верувам дека ќе имаме вака прикладен период како сега во јуни, под услов кризата со корона вирусот целосно да биде одмината, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.
-Секако, потребни се соодветни рокови за подготовка на избори, во уредбата е наведен 21 ден од завршување на вонредна состојба, и токму затоа се прави лидерска средба – рече Заев.
Тој смета дека причина плус за одржување на изборите е тоа што нема парламент, а владата е техничка.
-Ние сме парламентарна демоктратија, а немаме парламент. Треба да имаме политичка влада која ќе понесе одговорност, во вакви услови граѓаните немаат кај кој да се обратат – рече претседателот Заев.