Муцунски: Не разбирам како Гоце Делчев влезе во преговорите со Бугарија

by Фокус

Македонија нема национална стратегија за отворените прашања со Бугарија, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за ТВ24. Според него, забелешките на Бугарија се резултат на дипломатската пракса која ја воспоставила актуелната Влада во последните три години.

„Имаше промена на реториката од тоа дека изјавата на Бугарија не го претставувала ставот на ЕУ во целост, за после да ја сменат реториката во „ќе се најде компромис“. Ако немаше проблем, тогаш зошто ќе се бара компромис? Жалам што имаме една влада која создаде пракса на надоврешно политичко однесување кое и дозволува на бугарската страна вака да се постави. Проблем е што нема план и стратегија како да се пристапи по ова прашање. Проблем е што ќе се бара консензус по секоја цена на штета на националните интереси – вели Муцунски.

Тој посочува дека членството во ЕУ не треба да се води според претпоставки дека Бугарија ќе потпадне под некои притисоци.

-Тоа е цел пакет на отворени проблеми. Националната стратегија би требала да се изгради на начин на којшто би се поканиле сите засегнати страни, МАНУ ако се разбуди од зимскиот сон и слично. За после тоа кога ќе се користат дипломатските алатки да се знае кој е националнот став. Сите политички чинители да знаат што е нашата цел. Ние не сме смееле да дојдеме до ваква ситуација, но и тоа може да се поправи со национален консензус – вели Муцински.

Според него, прашањата за историјата може да се решат низ призмата на науката.

-Но, проблемот е што таа историска експертска емисија гледаме дека нема желба да се постават барем некакви национални црвени линии кои не сме подготвени по никоја цена да ги преминеме. Не можам да разберам како би си дозволиле темата за Гоце Делчев да биде дел од процесот на преговори, а како да гледам меко попуштање дека сме подготвени да го дозволиме тоа – истакна Муцунски.

Поврзани новости