Заев: Не сакаме никој да бојкотира кампања!

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција порача дека е горд што нашата земја се исправила пред предизвикот со корона вирусот и најави дека на ист начин ќе се справуваат со економско-финансиските последици.

Во однос на евентуален бојкот на кампањата, тој порача дека такво нешто не е воопшто посакувано.

„Не може да има бојкот на избори од никој. Сите поднесоа кандидатски листи, ДИК ги прифати тие листи. Изборите се веќе јасно дефинирани. А тоа дали некој ќе ја бојкотира кампањата, верувајте дека не сакаме никој да направи такво нешто. Граѓаните нека ги ценат аргументите, ние остануваме отворени за разговор“, порача Заев.

Поврзани новости