Заев: Не сакаме да бидеме партнери со ВМРО, туку гарантори на изборите

by Фокус 14:28
14:28

Во преодна влада ние не влегуваме да владееме со ВМРО-ДПМНЕ, туку за да бидеме гарантори на фер, регуларни и демократски избори, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Целосното влегување во овие институции како што се дефинирани во договорот од 15 јули, значи обврска на опозицијата да ги спроведе сите контролни механизми и моментуми во целиот овој шестмесечен период пред нас, за победникот на крајот да има полн легитимитет – рече Заев.

- Advertising -

Тој додаде дека преговорите за спроведување на договорот од Пржино ги кочи спротивната страна, но, според него, никој не може да побегне од спроведување на договореното.

Поврзани новости