Шилегов: Баџанакот на Мијалков назначен на нова функција

by Фокус

Баџанакот на Сашо Мијалков, обвинителот за организиран криминал, Јован Илиевски, е избран за претседател на Комисијата за воедначување на казнената политика на предлог на јавниот обвинител Марко Зврлевски, изјави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

– Ова е скандал сам по себе. Аргументите и доказите од проектот „Вистината за Македонија“ упатуваат во што се вмешани Илиевски и Зврлевски. Затоа и се формираше Специјално јавно обвинителство коешто ќе постапува во однос на криминалот од содржината на прислушуваниот материјал. Затоа баџанакот на Мијалков, нема никакво морално право ниту кредибилитет ниту за професијата што не ја извршува ниту пак за воедначување на казнената политика – рече Шилегов.

Поврзани новости